Станковиќ понуди оставка, но Сампдорија не ја прифати!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дејан Станковиќ поднесе оставка на тренерската позиција во Сампдорија, но раководството на клубот ја одби.

Италијанските медиуми пишуваат дека Станковиќ сакал да се повлече по убедливиот пораз од Фиорентина, но по состанокот решиле да останат заедно до крајот на сезоната.

Двете страни решиле дека најдобро за клубот во моментов е да остане Станковиќ до крајот на сезоната, по што ќе биде донесена конечна одлука за неговата иднина.

Екипата од Џенова во моментов е во зоната за испаѓање и има 10 бодови помалку од Специја, која е на безбедно место во моментов, па Сампдорија ќе се обиде до крајот на сезоната да ја надмине.