Вардар од Кадино се сели во Аеродром


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе добие нов фудбалски терен, откако општина Аеродром реши да му додели терен кој клубот го користеше и во минатото.

Вардар во следниот период ќе може да го користи фудбалскиот терен до спортскиот центар „Јане Сандански“.

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски и советот на општината гласале за Вардар да го добие теренот за свои потреби.

„На моја и иницијатива на претседателот на Советот на општината Дејан Митески , Вардар ќе добие нов спортски терен во Аеродром каде ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите. ФК Вардар е име кои има долга традиција, гордост на Македонија и македонскиот спорт, а ние на ваков начин даваме силна и недвосмислена поддршка за клубот. Денеска, во мојот кабинет остварив средба со претставници на навивачката група Комити, која од неодамна е сопственик на клубот. На состанокот разговаравме за иницијатива поврзана со спортскиот терен лоциран во непосредна близина на СЦ ‘Јане Сандански’“, кажа Муцунски.