Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома загуби со 0-2 од Интер на домашен терен и така ја искомплицира битката за пласман на позициите кои водат во европските купови.
Тренерот Жозе Мурињо е задоволен од своите фудбалери, но на прес-конференцијата даде контроверзна изјава во свој стил.
Мурињо испрати порака до Ренцо Уливиери, првиот човек на Италијанската асоцијација на тренери.
„Имаше спорни моменти на мечот за кои клубот може да реагира, но јас нема да го направам тоа затоа што бев нападнат од медиумите. Исто така, мило ми е што ме нападна некој што има тригодишна суспензија поради нелегално обложување. Тоа ме прави среќен“, кажа Мурињо.