Реал Мадрид службено ќе го загуби мечот со Хетафе!?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 1-0 против Хетафе, но исходот од мечот би можел да биде променет поради аматерска грешка на „кралевите“.

Каталонски „Спорт“ пишува дека Реал Мадрид може да остане без победата. Едуардо Камавинга беше заменет во 84. минута, а на негово место влезе Алваро Одриозола, иако таква замена не била планирана.

Одриозола требало да влезе на местото на Маркос Асенсио, но одлуката била променета предоцна откако Камавинга се повреди.

„Измените ќе бидат ефективни кога резервата ќе влезе на теренот. Од тој момент, фудбалер кој го напушта теренот станува заменет играч, а резервата станува актуелен играч и може да почне да игра“, вели официјалното правило.