Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јувентус вчера доби нова казна и остана без 10 бодови во Серија А со што испадна од позициите кои водат во европските купови.
Италијанската фудбалска федерација му ги одзема бодовите на клубот од Торино, а одлуката ја искоментира и португалскиот тренер Жозе Мурињо.
„Ова е шега за мене. Ова е чудно за сите, дури и за Јувентус. Да ми кажевте пред натпреварите со Монца и Болоња дека ќе биде така, ќе имавме поинаков пристап во лигата. Поради тоа моравме да ги фрлиме сите наши карти во Лига Европа“; кажа Мурињо.
Рома до крајот на сезоната ќе игра против Фиорентина и Специја во Серија А, како и против Севилја во Лига Европа.