Асенсио го напушта Мадрид и се сели во Париз!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио одби нов договор од Реал Мадрид и веќе почнал сериозни преговори за преселба во францускиот гигант ПСЖ.

Асенсио нема да игра вечерва на гостувањето кај Севилја, а неговата соработка завршува на крајот на сезоната и најверојатно ќе ги следи стапките на Серхио Рамос.

Шпанецот има солидна сезона во дресот на „кралевите“ затоа што постигна 12 гола и шест асистенции, но не е задоволен од тоа што не добива поголема минутажа кај тренерот Карло АНчелоти.

Асенсио ќе се збогува од навивачите на 4 јуни на дуелот против Атлетик Билбао.