Семејството на голманот на ПСЖ со детали за инцидентот (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на ПСЖ, Серхио Рико доживеал несреќа при прошетка со неговиот коќ, по што медиумите пишуваа дека се наоѓа во критична состојба.

Коњот наводно го удрил со копитото и Рико паднал во кома, а во официјалното соопштение на семејството се потенцира дека следните 48 часа ќе бидат клучни.

„Рико замина во Малага по освоената титула со дозвола на клубот. Потоа јаваше коњ на пат кон Понтификал, но доживеа несреќа и доби удар од животното. Серхио е во добри раце и се бори да оздрави. Мора да бидеме претпазливи, најважни се следните 48 часа“, објави семејството на голманот на ПСЖ.