Официјално: Меси заминува од ПСЖ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и официјално ќе си замине од ПСЖ и нема да го продолжи договорот, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.

Романо објави дека Меси на 30 јуни останува без договор со парижаните и среќата ќе си ја бара на друго место, односно најверојатно ќе се пресели во Барселона.

„Имав привилегија да работам со најдобриот фудбалер во историјата. Овој викенд ќе го одигра последниот меч во дресот на ПСЖ“, кажа тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие.