Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денвер нагетс со триумф од 104-93 против Мајами хит го почна големото финале во НБА-лигата, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше неверојатен и постигна 27 поени, 10 скокови и 14 асистенции.
Јокиќ стана вториот кошаркар, по Леброн Џејмс, кој во последните 25 години имал над 10 поени и 10 асистенции на полувреме на финален натпревар.
Србинот е втор кошаркар кој е дебитант во едно финале, а направил најмногу трипл-дабл, додека пред него е Џејсон Кид.
На Јокиќ му помагаше и Мареј кој постигна 26 поени и 10 асистенции, додека кај Мајами најдобар беше Адебајо со 26 поени и 13 скокови, додека Батлер постигна 13 поени.