Ибрахимовиќ состави идеален тим од поранешни соиграчи

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ во својата книга „Јас сум фудбал“ состави тим од 11 фудбалери со кои ја делел соблекувалната.

Ибрахимовиќ играше во многу тимови во текот на кариерата, а меѓу нив се Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунјатед и Лос Анџелес Галакси.

На голот го постави Буфон, а во одбраната ги избра Лилиам Турам, Тиаго Силва, Алесандро Неста и Максвел. На средината од теренот се Патрик Виеира, Чави, Недвед, додека крилата се Меси и Роналдињо, а како централен напаѓач се постави себеси.

На клупата на Ибрахимовиќ се наоѓаат и голманот Цезар, Сидорф, Гатузо, Канаваро и Иниеста.