Бивш тренер на Панчев и Најдоски предизвикал страшна сообраќајка (Видео)

Поранешниот тренер на Црвена Звезда, Љупко Петровиќ предизвикал страшна сообраќајка на обиколницата во Белград, откако на автопат возел во спротивна насока.

Петровиќ со својот „Мерцедес Б180“ возел во спротивен правец и директно се судрил со „Шевролет Авео“, а катастрофата можела да биде уште поголема бидеќи неколку камиони го избегнале судирот.

Екс-тренерот на Ц. Звезда поминал со полесни повреди, но сега му се заканува сериозна постапка против безбедноста во сообраќајот.