Наместо слика со Вембањама, пејачка доби шлаканица (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Виктор Вембањама е најновата млада ѕвезда во НБА-лигата, откако беше избран на драфтот од Сан Антонио спарс.

Вембањама повторно е во центар на внимание, но не поради НБА-лигата, туку поради пејачката Бритни Спирс.

Пејачката го забележала Вембањама во Лас Вегас и сакала да се фотографира со него, но обезбедувањето реагирало и притоа ѝ удрило шлаканица.

Младиот кошаркар набрзо даде коментар за инцидентот кој се случил меѓу обезбедувањето и пејачката.

„Отидовме во ресторан и имаше многу луѓе во салата. Многумина ми довикуваа, а обезбедувањето ми кажа да не застанувам за да не се направи гужва. Некој ме зграпчи, знам дека обезбедувањето ја оттурна. Потоа ми кажаа дека била Бритни Спирс, мислев дека се шегуваат“, вели Вембањама.