Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ким Мин Јае го напушти Наполи и се пресели во германскиот шампион Баерн Минхен, откако имаше неверојатни настапи во Серија А.
Баерн ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра, а Ким потпиша договор до 30 јуни 2028 година и ќе го носи дресот со бројот 3 во иднина.
Ким кажа дека сонувал да го облече дресот на баварскиот тим и е возбуден поради трансферот во Минхен.
„Баерн Минхен е сон за секој фудбалер. За мене ова значи нов почеток, ќе продолжам да се развивам тука. Уште на почетокот на преговорите ми стана јасно колку ме посакуваат од клубот. Моја прва цел е да одиграм многу натпревари“, кажа Ким.