Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Струга Трим Лум славеше со 3-1 против Есперанж од Луксембург, а херој на мечот беше Бесарт Ибраими кој постигна хет-трик.
Ибраими ја искористи грешката на голманот на гостите во 23. минута за да погоди за 1-0, а другите два погодоци ги постигна од пенали, додека гостите во 46. минута го запишаа единствениот гол на натпреварот (3-1).
Екипата на тренерот Шпетим Дуро е на добар пат да обезбеди плејоф во Конференциската лига, доколку го „преживее“ гостувањето во Луксембург за седум дена.