Васоски ќе го почне вториот мандат во Вардар против Силекс


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја почна сезоната со три порази, по што следеше промена на тренерското столче, каде што седна Александар Васоски.

Васоски го почнува својот втор мандат на кормилото на „црвено-црните“ попладнево против Силекс од 16.30 часот.

Вардар вчера го промовира Васоски, кој во првиот мандат на кормилото на тимот донесе една шампионска титула, а сега пред себе ќе има тежок предизвик.

По три одиграни кола, на врвот на табелата се наоѓа Брера Струмица со девет бодови, по што следи Шкендија со шест бода (од два меча), колку што имаат и Тиквеш, Работнички и Брегалница.