Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот гигант Челси ја запиша првата победа оваа сезона, откако денеска на „Стемфорд бриџ“ беше подобар со 3-0 од Лутон.
Играч на натпреварот беше Рахим Стерлинг, кој го отвори резултатот во 17. минута по асистенцијата на Мало Густо, по што Лутон успешно се бранеше до крајот на првото полувреме.
Стерлинг во 69. минута го постигна вториот гол на мечот, и тоа повторно по асистенција на Густо, додека конечните 3-0 ги постави Николас Џексон.
Челси во следното коло ќе се соочи против Нотингем Форест, а мечот се игра на 2 септември, додека неколку дена претходно „сините“ ќе играат со Вимблдон во Лига Купот.