Покетино тргна во нов „лов“ – доаѓа засилување од Бундеслигата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лондонскиот гигант Челси во изминатиот период потроши многу пари на засилувања, а на листата со желби на тренерот Маурицио Покетино има уште едно име.

Откако Рис Џејмс се повреди и ќе паузира неколку месеци, Покетино тргна во „лов“ на негова замена, а изборот паднал на Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен.

Фримпонг игра одлично во дресот на „фармацевтите“ и е една од најголемите ѕвезди во Бундеслигата, па наскоро би можел да се пресели во Англија.

Англиските медиуми пишуваат дека Челси нема да жали пари за реализација на трансферот, но засега не се открива каква понуда се подготвени да испратат „сините“.