Миовски и Ристовски ги дознаа ривалите во Конференциската лига (Фото)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Денеска во Монако се одржа ждрепката за групната фаза од Конференциската лига. Динамо Загреб на Стефан Ристовски и Абердин на Бојан Миовски ги дознаа противниците во европското натпреварување.

Хрватскиот шампион ќе игра во групата Ц, каде што се уште и Викторија Плзен, Астана и Балкани од Косово.

Шкотската екипа се наоѓа во групата Г, каде што ќе се соочи против Ајнтрахт Франкфурт, ПАОК и Хелсинки.