Заработи 17 милиони евра од тенисот, а сега може да заврши во затвор: Ме уништи сопругот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарната шпанска тенисерка Аранча Санчез-Викарио може да заврши во затвор за измама и перење пари, а пресудата се очекува наскоро.

Поранешната тенисерка должи осум милиони евра данок на банка во ЛУксембург, а за тоа вели дека е виновен нејзиниот сопруг.

Санчез-Викарио пред судот во Барселона кажа дека за финансиите се грижел нејзиниот поранешен сопруг, кој наводно го плаќал данокот.

„Имам две деца и пријателите ми помагаат со пари. Половина од сè што сум заработила во кариерата морам да дадам за долгот. Многу ми е тешко“, кажа Санчез-Викарио.

Шпанската тенисерка во кариерата три пати го освои Ролан Гарос и еднаш Ју-Ес Опен од гренслем-турнирите.