Тикет на денот (недела, 17.09.2023)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Понудата за денес е одлична бидејќи овој викенд ни се врати клупскиот фудбал, па веруваме дека ќе ја искористиме правилно. Ова е нашиот предлог за денес.

Хајденхејм – Вердер – ГГ3+ @ 1.82 во Mozzart

Екипата на Хајденхејм се нови во оваа сезона и се преселија од Цвајт во елитата на германскиот фудбал. Мора да признаеме дека немаа кој знае каков почеток и тие два пати беа поразени, а еднаш ремизираа во последниот натпревар и тоа против Дортмунд што и не е така лош резултат. Вердер пак е на 11-та позиција и после две последователни реми успеа да победи во последното коло против Мајнц. Двете екипи играат ефикасно, па веруваме дека ќе имаме натпревар со голови. Типуваме ГГ3+ со квота 1.82 во Mozzart.

Рома – Емполи – 1 @ 1.40 во 22Bet

Рома на почетокот се очекуваше дека ќе го нападнат лидерското место, но во моментов се докажува сосема спротивното. Имено, овој тим се наоѓа во црвената зона и од три изиграни кола зедоа само еден бод. Емполи пак има 100% негативен учинок и тие од три изиграни дуели три пати беа поразени што јасно зборува дека се во катастрофална форма. Момците на Мурињо сметаме дека е време да ја остварат првата победа, па затоа типуваме 1 со квота 1.40 во 22Bet.

Севиља – Лас Палмас – 1 @ 1.62 во 20Bet

Севиља повторно во првенството како и лани започна со катастрофалните игри. Тие имаат три порази во првите три кола, па ако продолжат вака многу лесно можат да создадат сериозни проблеми. За противник го имаат тимот на Лас Палмас кој исто така нема победа откако е започната новата сезона во Ла Лига. Според сите параметри, Севиља би требало да го оствари првиот триумф, па затоа ние се решивме да типуваме 1 со квота 1.62 во 20Bet.

Милвол – Лидс – ГГ @ 1.80 во Bet365

Милвол досега изигра пет натпревари откако е започнат англискиот Чемпионшип и мора да признаеме дека не запишаа кој знае какви резултати. Имено, овој тим на тие дуели оствари две победи, два порази и едно реми, па се наоѓаат на средината на табелата. Од друга страна Лидс започна многу полошо отколку што очекувавме, а најдобра доказ ни е фактот што овој тим има само еден триумф во изминатите пет натпревари. Овде двете екипи знаат да изиграат ефикасно, па сметаме дека ќе имаме најмалку по еден погодок на двете страни. Коефициентот за ГГ во Bet365 изнесува 1.80.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3657.43

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk