Со факели и македонски знамиња славеше европскиот шампион Иџе (Видео)

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе успеа по трет пат во кариерата да стане европски шампион во ридско-брзински патеки.

Стефановски оствари седум победи на 10 трки и освои 229 бодови, па така повторно стана шампион, откако претходно беше најдобар во 2014 и 2015 година.