Арсенал го направи Одегард најплатен фудбалер во тимот

Англискиот вицепрвак Арсенал потпиша нов договор со талентираниот норвешки репрезентативец Мартин Одегард до 2028 година.

Англиските медиуми пишуваат дека „топчиите“ решиле да го наградат Одегард за одличните настапи и така го направиле најплатен играч во клубот.

Одегард ќе добива годишна плата од 17 милиони евра, односно еден милион повеќе од Германецот Каи Хаверц.

„Ова е навистина неверојатна одлука за мене. Сè уште не можам да верувам дека се наоѓам во ваква група на играчи. Арсенал е голем клуб и среќен што сум што потпишувам нов договор. Тука се пронајдов и блеснав“, кажа Одегард.