Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид сака да ја засили левата бековска позиција и Карло Анчелоти нема да штеди пари. Тој во договор со Флорентино Перез планира да потроши 60 милиони евра за Тео Ернандез од Милан.
Левиот бек на „росонерите“ е цел на „кралевите“, а Перез ќе го нападне во јануари, но доколку не успее да го купи, тогаш ќе следи втор напад идното лето.
Ернандез пристигна во Милан во 2019 година за 22,8 милиони евра и се покажа како огромно засилување на „росонерите“.