Итен состанок на управата на „ѓаволите“ и Тен Хаг - падна одлука на „Олд Трафорд“

Холандскиот тренер Ерик Тен Хаг се наоѓа под притисок од јавноста по лошите резултати со Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ синоќа беа поразени од Галатасарај на „Олд Трафорд“ со 2-3 по што навивачите побараат отказ за Тен Хаг.

Англиските медуми пишуваат дека во просториите на клубот денеска бил одржан состанок и била донесена конечна одлука за иднината на Холанѓанецот.

Иако навивачите бараат отказ, сепак такво нешто нема да добие Тен Хаг. Управата на клубот сè уште има доверба во него и ќе му даде време да направи пресврт на ситуацијата.