Македонија без неколку важни ракометарки ќе го нападне Азербејџан

Женската репрезентација во ракомет на Македонија ќе игра против Азербејџан во првото квалификациско коло за Европското првенство.

Селекторот Кристијан Грчевски ги соопшти ракометарките кои ќе настапат против Азербејџан, а меѓу нив не се Јована Мицевска, Сања Дабевска, Леонида Гичевска, Симона Маџовска, Борјана Коцева и Сара Миновска. 

Натпреварот се игра денеска од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.