Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија денеска славеше на гостувањето кај Литванија со 31-28 за втора победа во квалификациите за Европското првенство (ЕП).
Ракометарките ја најавија победата уште во првото полувреме, кое им припадна со 17-15, иако предноста можеше да биде и повисока ако немаа неколку грешки во завршницата.
Во вториот дел се водеше голема битка на теренот, а Литванија не се предаваше до самата завршница, но и покрај тоа загуби со 31-28.
Македонските ракометарки триумфираа и во првото коло против Азербејџан, па во следното коло ќе играат против Шпанија во февруари следната година.