Иванишевиќ ја тужи поранешната сопруга: Кога ѝ побарав пари, веднаш ме направи семеен насилник!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Поранешниот хрватски тенисер и тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ откри дека се наоѓа во тежок период во приватниот живот.

Иванишевиќ откри дека има сериозни проблеми со поранешната сопруга Татјана Драговиќ, која наводно му ги земала парите.

„Кога се осмелив да побарам пари, кои ги заработив претходно, веднаш станав семеен насилник. Сега само чекам тужба која треба да открие дека Т.Д. го освоила Вимблдон и два олимписки медали, а можеби и уште некој гренслем, но тоа треба судот да го утврди“, вели Иванишевиќ.