Прв допир со топка и веднаш гол за Барселона: Гују испиша историја! (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона во изминатите години создаде неколку таленти во својата академија и ги промовираше во првиот тим, а последен кој доби шанса е 17-годишниот Марк Гују.

Гују доби шанса во завршницата од натпреварот, а со својот прв допир со топката го матира противничкиот голман и донесе победа за Барселона.

На 17-годишниот Шпанец му требаа само 33 секунди за да постигне гол. Тој влезе во игра во 78.41 минута, а ја затресе противничката мрежа во 79.14.

Ова беше прв гол за него оваа сезона, иако игра во Б-тимот на Барселона во Третата шпанска лига.