Карагер го најде најголемото летно засилување на Островот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тотнем има одличен почеток на сезоната и во моментов е лидер по девет одиграни кола, а такво сценарио не беше очекувано поради заминувањето на англискиот голгетер Хари Кејн.

Тренерот Анге Постекоглу го препороди тимот од Лондон и се покажа како идеално решение за „петлите“, но воедно Даниел Леви направи добри потези и на трансфер-маркетот.

Џејмс Медисон се прилагоди во Тотнем и стана еден од лидерите на клубот, а легендарниот Џејми Карагер го издвои токму него како најголемо летно засилување.

„Тренерот Анге има заслуга за филозофијата која ја применува во Тотнем, но тука е и Медисон кој ја зема ‘десетката’ и блесна во дресот на ‘петлите’“, вели Карагер.