Израелец го нападна Ѓоковиќ: Зошто молчиш, и ти си родител!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ доби критики од поранешниот израелски тенисер Енди Рама, кој јавно го критикуваше затоа што молчел за воениот конфликт меѓу Израел и Палестина.

Поранешниот тенисер од Израел во интервју за медиумите пред неколку дена кажа дека очекувал реакција од Ѓоковиќ.

„Сигурен сум дека тенисерите знаат што се случува. Тоа е нешто на што не смее да се остане нем. Малку е разочарувачки за мене. Ѓоковиќ како татко и родител треба да мисли на децата киднапирани во Газа“, кажа Рама.