Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација го имаше првиот собир за ЕХФ-неделата во која ќе одигра два натпревари против Грција.
Селекторот Кире Лазаров ги кажа своите очекувања и одговори на шпекулациите дека Стојанче Стоилов ќе се приклучи во неговиот стручен штаб.
„Стоилов секогаш има отворена врата. Јас разговарав со него, тој во моментов има обврски во Вардар. За него секогаш е отворена вратата во репрезентацијата“, кажа Лазаров.
Да потсетиме, Стоилов во 2022 година ја заврши репрезентативната кариера.