Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Фудбалерите на Јунајтед утре играат големо дерби против Ливерпул во 8-то коло од ПЛ.
Голема дилема се води во англиските медиуми бидејќи ФА одлучи главен судија да биде Ентони Тејлор.
Иако Тејлор е еден од најдобрите англиски судии, проблем е тоа што е тој роден во Манчестер и живее на 100-на метри од „Олд Трафорд“.
Од Ливерпул веднаш го искажаа незадоволството поради овој потег на ФА.
На официјалната прес конференција за овој „проблем“ зборуваше и Мурињо.
„Мислам дека Тејлор е многу добар судија, но со овој потег на него е ставен голем притисок. Ќе му биде многу тешко на Енфилд и мислам дека ова не им требаше. Имам свое мислење за тоа, но не би зборувал. Многу пати сум казнуван кога ги споменував судиите, па затоа овој пат ќе премолчам.“