Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше подобар од Томас Мартин Ечевери во второто коло на Мастерсот во Париз, а потоа испрати порака до Израел и Палестина.
Двете земји се во воен конфликт, а новинарите му поставија прашање на Србинот што мисли за војната.
„Како дете кое растеше во војна, повреден сум од тоа што се случува во светот. Не само во Израел и Палестина, туку низ целиот свет. Страшно е. Испраќам љубов до сите цивили кои страдаат и се надевам дека наскоро сè ќе заврши“, кажа Ѓоковиќ.