Ѓоковиќ и со стомачен вирус е незапирлив за противниците во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфинале на Мастерсот во Париз, откако вчера во три сета беше подобар од Холгер Руне.

Ѓоковиќ беше подобар со 7-5, 6-7 и 6-4 за пласман во полуфинале на турнирот, иако имаше големи проблеми со стомачен вирус во последните три дена.

Србинот играше посигурно на свој сервис и тука ја направи разликата која го доближи чекор поблиску до титулата. Ѓоковиќ денеска од 17 часот ќе игра против Андреј Рубљев.