Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утрово на 77-годишна возраст почина поранешниот македонски кошаркар и тренер на МЗТ Скопје и Работнички, Јанко Луковски.
Луковски, по крајот на кошаркарската кариера, го тренираше Борец од Велес,а потоа го презема Работнички.
Работнички успеа двапати да го внесе во првата А-лига на Југославија и еднаш го однесе до финалето на Купот на Југославија.
Во периодот од 1982 до 1986 работеше и како селектор на Југославија на јунирската, кадетската и селекцијата до 21 година, а со тоа имаше можност да работи со играчи како: Дражен Петровиќ, Паспаља, Сретеновиќ, Перасовиќ и други.