Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот шампион Наполи освои бод против Унион Берлин (1-1) во четвртиот меч од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а македонскиот фудбалер Елиф Елмас не доби шанса за игра.
Наполи доминираше и постигна гол преку Матео Политано за водство од 1-0, но Унион Берлин израмни преку Фофана.
Во завршницата на натпреварот двете екипи имаа сериозни шанси за втор гол, меѓутоа мрежите останаа да мируваат.