Конте донесува Португалец во Челси?!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Според шпекулациите на медиумите во Португалија, Челси е подготвен да преговара за купување на талентиран играч за врска.

    Челси има проблеми оваа сезона, а очигледно е дека е потребна смена на генерациите, па Конте полека користи некои играчи кои до првиот тим стигнаа преку младинските школи, но јасно е дека Челси ќе мора да се активира и на пазарот.

    Играчи од академијата од наредната сезона би можеле да заиграат во првиот тим како Лофтус, Мусонда, Ола, Кристијансен и Чалобе, а би можел да им се приклучи и помладиот брат на Еден, а тоа е Торган Азар.

    Челси наводно засега се заинтересирани во своите редови да го донесат играчот на Порто, Рубен Невеш.

    Овој играч има само 19 години, ги помина сите младински селекции на Поругалија, а настапуваше и за сениорите 2 пати.

    Од своето деби на 17 години, досега има одиграно 79 натпревари во сите натпреварувања.

    Настапува на позициите на дефанзивен играч за врска, а многумина го споредуваат со Мутињо.

    За неговите услуги Челси е подготвен да понуди 20 милиони евра, па ќе видиме дали тоа би ги задоволило апетитите на Порто.