Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше со 2-1 во сетови, односно 7-6, 6-7 и 6-3 против Холгер Руне по повеќе од три часа борба во првиот натпревар од „зелената група“ на АТП-турнирот во Торино.
Ѓоковиќ го обезбеди првото место до крајот на сезоната на АТП-листата, а во решавачкиот сет прв поведе со брејк (2-0), но Руне возврати за момент. Сепак, контролата повторно ја презема Србинот кој славеше со 6-3.
Србинот со победата на стартот на завршниот турнир го обезбеди првото место на АТП-листата на крајот на година по осми пат во кариерата.