Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои завршниот турнир во Торино, откако го совлада Јаник Синер со 2-0 во сетови.
Ѓоковиќ игра неверојатно, иако има 36 години, а во Торино водеше војна и со италијанската публика која беше на страната на Синер.
„Ова е една од најдобрите сезони во мојата кариера. Синер е неверојатен, а јас сум горд како одиграв против Јаник и Алкараз во изминатите два дена. Одиграв одлично, сервирав феноменално. Не е лесно да се игра пред гласна публика, па затоа победата ми е послатка“, вели Ѓоковиќ.