Колку пари доби Ѓоковиќ со триумфот во Торино?

Новак Ѓоковиќ испиша историја со победата против Јаник Синер бидејќи се закити со седмата титула на завршниoт турнири на АТП.

Ѓоковиќ зад себе го остави Роџер Федерер со шест титули, а по нив следат Пит Сампрас и Иван Лендл со пет трофеи.

Србинот ќе добие награда од 2,2 милиони долари за победата во финалето, како и 4,41 милион долари за одличните настапи во изминатите денови.