„Газета“: Синер го врати во игра канибалот Ѓоковиќ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми се надеваа дека Јаник Синер ќе биде освојувач на завршниот турнир во Торино, откако веќе еднаш го совлада Новак Ѓоковиќ, но во реваншот се распадна во два сета.

Ѓоковиќ со 6-3 и 6-3 ја обезбеди седмата титула на завршните турнири на АТП и така го надмина легендарниот Роџер Федерер.

Србинот беше блиску до елиминација, но Синер му направи услуга и го победи Холгер Руне, а тоа се покажа како „лош избор“, пишува „Газета“.

„Синер излезе на терен и се обиде да го победи српскиот Супермен, шампион со 24 гренслем-титули. За жал, немаше доволно сила. Да беше Синер некој што сака лесни работи, ќе се повлечеше на мечот против Руне и ќе го елиминираше Новак. Тој, сепак, реши да се бори со Данецот и да го врати во игра канибалот Ѓоковиќ“, пишува медиумот.