Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна гол за победа на Наполи од 2-1 на гости кај Аталанта во Бергамо.
Елмас доби шанса од клупата за резервни играчи во второто полувреме, а во завршницата искористи една асистенција на Виктор Осимен.
Македонскиот фудбалер по натпреварот испрати порака до јавноста и кажа на кого му го посветил голот.
„Победата беше важна по тренерската промена. Не беше лесно против Аталанта. Мацари ни помогна во некои делови од играта, а ние работевме напорно. Убаво е чувството да се постигне гол по некое време. Срцето кое го покажав беше за навивачите“, кажа Елмас.