Снегот одложи два прволигашки натпревари

Денеска ќе се одиграат само три од предвидените пет прволигашки натпревари од 15. коло поради снегот кој создаде проблеми.

Поради снегот нема да се игра во Кратово и Струга, односно одложени се дуелите Силекс – Вардар и Струга – Воска.

Останатите дуели се закажани за 13 часот, каде што ќе играат Шкупи – Македонија ЃП, Работнички – Гостивар и Тиквеш – Брера Струмица.