Де Хеа прифатил да се врати во Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот голман Давид Де Хеа наскоро би можел да се врати во Премиерлигата, откако добил понуда од Њукасл.

Њукасл сака да го ангажира Де Хеа затоа што Ник Поуп се повреди и го чека пауза од неколку месеци.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Де Хеа преговара со Њукасл и е подготвен да ја прифати понудата, а дел од медиумите пишуваат дека веќе паднал договор.

Шпанецот и понатаму е слободен играч, откако минатото лето му заврши соработката со Манчестер јунајтед.

Де Хеа имаше неколку понуди од Саудиска Арабија, но реши да ги одбие и да чека вистински предизвик.