Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватскиот гигант Динамо Загреб води судски спор против Здравко Мамиќ и бара отштета од 21 милион евра, односно парите кои наводно бизнисменот и неговите соработници ги украле додека го воделе тимот.
Мамиќ со години е во бегство, односно се наоѓа во Босна и Херцеговина од каде што ги коментира случувањата во клубот и Хрватска.
Здравко ја има оштетено клупската каса на Динамо за 7,3 милиони евра, а најмногу пари му припаднале на неговиот син Марио Мамиќ кој наводно украл 11,4 милиони евра.
Обвинителството поднесе докази преку кои тврди дека Мамиќ успеал да создаде „злосторничко здружение“ и извлекувал пари од хрватскиот клуб.