Вујовиќ не е повеќе тренер на Загреб


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Веселин Вујовиќ денес доби отказ од Загреб.

    По очајниот почеток на сезоната и големите потреси во соблекувалната во Загреб беше донесена одлука да се прекине соработката со Вујовиќ кој е во исто време и селектор на Словенија.

    „Јас сум сигурно еден од виновниците, но има повеќе фактори. Не е Загреб толку лош, но другите екипи се со други буџети и со големи засилувања, па затоа ни избегаа.“

    Загреб со Вујовиќ во претходните 2 сезони беше хит во Европа, но на стартот на оваа сезона изгуби 4 натпревари во ЛШ и во група Б е на дното.