Серена ја заврши сезоната


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Американката поради проблеми се повлече од завршниот годишен ВТА турнир, кој од 23 до 30 октомври ќе се оддржи во Сингапур.

    Поранешната најдобра тенисерка во светот имаше проблеми со повредите во последно време, а последен турнир на кој учествуваше беше УС Опен, кога во ½-финале беше поразена од Плишкова.

    35-годишната Американка на друштвените мрежи се обрати со видео порака во која ги објасни причините поради кои морала да се откаже од Сингапур.

    „Моите доктори инсистираа да останам дома и да ја излечам повредата за да имам шанса да играм наредната сезона. Оваа година беше тешка за мене. Повредата на рамената не ми дозволи да се одморам.“

    Таа 5 пати го освојуваше завршниот турнир, 2001, 2009, 2012, 2013 и 2014-та година и пред неа на вечната листа е само Мартина Навратилова со 8 трофеи.

    Во 2016-та успеа да победи само на 2 турнири, од кои еден беше Вимблдон, а беше поразена во 2 финалиња на Австралија Опен и Ролан Гарос.