Зидан повторно ќе биде тренер – има две опции!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Францускиот тренер Зинедин Зидан реши да му се врати на фудбалот по пауза од две ипол години, кога си замина од Реал Мадрид.

Медиумите го поврзуваа со неколку екипи, но тој ги демантираше шпекулациите. Зидан беше блиску и до кормилото на Франција, но таа опција отпадна откако Дидие Дешам го продолжи договорот.

Според дел од медиумите, Зидан решил да го преземе Јувентус, иако се надева дека ќе се врати во Реал Мадрид по заминувањето на Карло Анчелоти.

„Зидан се подготвува за враќање на фудбалот. Покрај Реал Мадрид, тој е заинтересиран и за Јувентус“, пишува „Ле10Спорт“.