Адетокумбо остана без топка, па ги бркаше „крадците“ (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо постигна рекордни 64 поени за Милвоки бакс во мечот против Индијана пејсерс.

Адетокумбо го надмина досегашниот рекорд на Мајкл Рид, но по натпреварот гостите му ја „украдоа“ топката.

Гркот се налути кога дозна дека топката е кај кошаркарите на Индијана, па тргна во нивната соблекувална.

„Ја добив топката на крајот, но не сум сигурен дека е истата со која се играше натпреварот. Денеска одиграв 35 минути, знам како изгледа нова топка“, кажа Адетокумбо.