Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Верувате или не, Милан во ваква позиција не бил цела вечност. И наредната недела ќе биде важно…
Милан со победата во Верона успеа да стигне до 2-ро место, ја дели со Рома, а вака високо не бил пласиран последните 6 години.
Последен пат кога беа на 2-ро место беше во сезоната кога ја бранеа титулата, тогаш на клупата беше Алегри, а Ибра го водеше нападот.
И тогаш по 8 кола Милан беше 2-ор, доцнеше зад Лацио 2 бодови, но таа сезона не успеаа да ја освојат титулата, им ја зема Јувентус во финишот и започна доминација која трае од тогаш.
Кога ќе го споменеме Јуве, конечно нивното доаѓање во Милан ќе биде важно, се работи за врвот на табелата.
Дебито се игра наредниот викенд, претходните години за Милан не значеше ништо, кога борбата за врвот беше во прашање.
Италијанците се потсетија кога последен пат дуелот на овие два тима одлучуваше за врвот на табелата.
Тој натпревар заврши со 1:1 кога на Мунтари не му беше признаен гол, топката влезе, Буфон интервенираше, а судијата покажа играта да продолжи. На тој натпревар поништен е и регуларен гол на Јуве поради офсајд, но оваа грешка беше многу поголема.
Таа во полувремето испровоцира караница на тренерот на Јувентус, Конте и Галијани.
Уште едно интересна информација е тоа што тогаш Милан беше прв, а Јуве по 2 очајни сезони се врати во врвот на италијанскиот фудбал.
После долги години депресија, конечно се гледа светло на крајот на тунелот, па ќе видиме што ќе се случи кога Кинезите ќе го превземат клубот.
Најтешкиот можен испит следи наредниот викенд…